Спортинг Лисабон со 1:0 го совлада Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од четвртфиналната фаза во Лига Европа.

Но, Атлетикo благодарение на победата од 2:0 во Мадрид успеа да се пласира понатаму.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Спортинг и на теренот помина 80 минути, кога домаќините имаа водство од 1:0.

Нашиот одбранбен играч одигра добар натпревар, но поради тактички причини беше повлечен од игра и на негово место беше внесен напаѓачот Думбија.

Стрелец на единствениот гол за Спортинг и воопшто на натпреварот беше Фреди Монтеро во 28.минута



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 08:26