Олимпик Марсеј на „Велодрон“ го совлада Лајпциг со 5:2 во реванш натпреварот од четвртфиналната фаза во Лига Европа.
На првиот натпревар во Германија, домаќините победија со 1:0.
На возбудливиот натпревар во Марсеј уште во втората минута Брума му донесе водство на Лајпциг од 0:1. Меѓутоа, во следните неколку минути се случи пресврт, прво Исланкер постигна автогол во шестата минута, а три минути подоцна Сар беше прецизен за 2:1 за Марсеј.
Таувин во 38.минута ја зголеми предноста на 3:1, но Лајпциг со голот на Агустин во 55 минута намали на 3:2.
Димитри Паје беше прецизен за водство од 4:2, а конечните 5:2 ги постави Сакаи во финишот на натпреварот.
За Олимпик Марсеј овој пласманот меѓу најдобрите четири екипи во едно европско натпреварување е прв по цели 13 години.