Кошаркарите на Црвена звезда веднаш по пристигнувањето во Подгорица, биле дочекани со навреди од страна на навивачите на Будуќност, а постоел и обид за физички напад.
Навивачите се собрале околу хотелот, во кој бил сместен белградскиот тим, по што почнале да скандираат „ќе ве претепаме“ и „ќе ве заколеме“, а клупското обезбедување со помош на локалната полиција морало да реагира за да спречи физички контакт.
Во инцидентот полесно е повреден еден припадник на обезбедувањето.
Атмосферата во финалето на АБА лигата меѓу двата клуба исклучително се вжешти, а Црвена звезда во Подгорица ќе одигра два натпревара против Будуќност.