Најголемите фаворити за трофејот во Лига Европа (ЛЕ), Арсенал и Атлетико Мадрид, ќе се соочат во полуфиналето, а втората полуфинална двојка е составена од Олимпик Марсеј и Салцбург.
Двојките за полуфиналната фаза оваа година на ждрепката во Нион ги извлече поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал.
Првите натпревари ќе се играат на 26 април во Марсеј и Лондон, а реваншите се закажани за 2 мај во Салцбург и Мадрид.
Финалето во Лига Европа ќе се игра во Лион на 16 мај.