Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, се истетовира во знак на сеќавање на поранешниот капитен на тимот Давиде Астори, кој ненадејно почина пред повеќе од еден месец.

Педесетидвегодишниот фудбалски стручњак на раката го истетовира хаштагот #DA13, односно иницијалите и бројот на Астори, кој клубот го повлече од употреба.

Претходно, ваква тетоважа направи и фудбалерот на Фиорентина, Кристијано Бираги.

Давиде Астори почина на 4 март во сон од срцев удар ноќта пред натпреварот со Удинезе.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 11:41