Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо се надева на добар резултат во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите во Минхен, кој ќе му даде предност на тимот на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
Денешната ждрепка одреди европскиот шампион да гостува во првиот дуел на „Алијанц Арената“.
- Исклучително тешко е да стигнеш до оваа фаза на Лигата на шампионите, а ние го направивме тоа во осум последователни години. Најтешкото претстои, последниот чекор секогаш е најтежок. Баерн е одличен тим и ние треба да го покажеме најдоброто од себе и во двата натпревари. Се надевам на добар резултат во првиот натпревар кој ќе ни даде самодоверба за реваншот на „Бернабеу“. Оваа година ждребот за нас во фазата на елиминации е кошмарен - прво ПСЖ, потоа Јуве, а сега и Баерн, прокоментира Бутрагењо.