Во машката кошаркарска Евролига следната сезона ќе учествуваат 18 екипи, односно за две повеќе од досегашните, објави раководството на организацијата.

Два клуба добија посебни покани и ќе можат да играат во Евролигата следните две години. Се работи за Баерн Минхен (Германија) и АСВЕЛ (Франција).

Евролигата објави дека тимовите кои учествуваат во натпреварувањето мора да имаат буџет од најмалку 5,4 милиони евра.

Вчера Панатинаикос се откажа од учеството во најпрестижното клупско кошаркарско натпреварување на Стариот континент. Сопственикот на „зелените“, Димитрис Јанакопулос објави дека ја донел оваа одлука поради несогласувањето со финансиската политика на раководството на Евролигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 23:18