Руски суд нареди блокирање на пристапот до услугата за комуникација „Telegram“, која е исклучително популарна во земјата.

Веста беше соопштена од државната агенција „ТАСС“, која прецизира дека властите веќе почнале да ја исполнуваат пресудата на судиите.

Одлуката доаѓа откако рускиот телекомуникациски регулатор поднесе тужба против компанијата, сопственик на „Telegram“, во кое се бара прекин на услугата на територијата на Русија.

Причината е тоа што „Telegram“ одбива да обезбеди пристап на безбедносните служби до пораките на потрошувачите. Според ФСБ, пристапот до пораките е потребен, за да можат да се спречат терористички акти на територијата на земјата, а „Telegram“ добија рок до 4 април да ги обезбедат потребните клучеви за дешифрирање на комуникациите.

Според портпаролот на компанијата, ова барање не може да се исполни, бидејќи никој во „Telegram“ нема пристап до личните клучеви за криптирање на корисниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 23:49