Русија свика итна седница на Советот за безбедност на ОН поради денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, соопшти Кремљ.

Во соопштението се посочува дека претседателот на Русија, Владимир Путин ги осудил нападите врз Сирија, каде „руски војници и помагаат на легитимната Влада во борбата против тероризмот“.

- Акциите на САД дополнително ја усложнуваат хуманитраната катастрофа во Сирија и тие носат одговорност за страдањата на мирното населние, оценил Путин.

Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“.

- За нападот врз Сирија беше искористен исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума. Повторно, како и пред една година кога САД ја нападнаа базата Шајрат во Сирија, како повод искористија исцениран случај на употреба на отровни супстанци, порача Путин, додавајќи дека нема потврда оти во Дума имало напад со хемиско оружје.

Според Путин, ескалацијата на тензиите во Сирија има „разурнувачко влијание врз целокупниот систем на меѓународни односи“.

- Историјата ќе го каже своето. Таа веќе му ја припиша на Вашингтон тешката одговорност за крвавите конфликти во Југославија, Ирак и Либија. истакна Путин во писмената реакција.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 15:19