Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека верува оти политички договор е единствената опција за решавање на сириското прашање и повика на целосна фер и објактивна истрага за наводните хемиски напади во Сирија.
- Кина постојано се спротиставува на употребата на сила во меѓународните односи. Воена акција која ги заобиколува Советот за безбедност на ОН, ги крши принципите и основните норми на меѓуанродното правом, изјави портпаролка на Министерството, Хуа Чунјунг.