Управата на најтрофејниот македонски кошаркарска клуб Работнички излезе со соопштение преку кое ја информира јавноста дека од безбедносни причини ќе го ограничи бројот на билети за утрешното дерби со МЗТ Скопје Аеродром.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на КК Работнички:

- Ве известуваме дека бројот на билети за неделното дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје, од 19ч., ќе биде лимитиран. Сето ова е поради обезбедување на сите потребни услови за одигрување на натпреварот. За да не дозволиме да се случи некаков инцидент и да овозможиме безбедни услови за сите, Ве известуваме дека ќе има и строги контроли на секој од влезовите во салата „Градски Парк“.

Упатуваме силен апел за фер и спортско навивање, во убав спортски амбиент да ги бодриме нашите кошаркари и утре да биде вистински празник на кошарката. Да докажеме дека знаеме и можеме достоинствено да навиваме и дека нашата публика е најдобрата на светот.

Ве информираме дека влезници ќе има само за трибина ,,А,, кои ќе можете да ги обезбедите во периодот од 16:30 до 18ч. со донации во кутиите кои ќе бидат поставени на видно место пред нашиот кошаркарски храм. Како и минатиот пат, така и сега, паричните средства собрани од овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели, стои во соопштението на КК Работнички.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 16:50