Претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ најави можност белграѓани да не го играат четвртиот натпревар од АБА финалето со Будуќност.

- Најверојатно нема да излеземе на четвртиот натпревар од финалната серија со Будуќност. Не го тврдам ова со 100%, но постојката гоплеми шанси за такво нешто, изјави Човиќ.

Неговата изјава е реакција на незадоволството на „црвено-белите“ од судењето во финалето од регионалната лига.

Претходно, Човиќ обвини за заговор против Црвена ѕвезда со цел да биде симната од тронот.

Будуќност води со 2-1 во серијата прв до три победи.

Четвртиот дуел е закажан за вечер во Подгорица со почеток во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 17:04