Во својата прва Твитер порака по нападот врз Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот бил извршен „перфектно“ и дека мисијата е исполнета.
- Перфектно извршен напад ноќеска. Благодарност до Франција и до Обединетото Кралство за вашата мудрост и за моќта на вашите одлични армии. Не можевме да имаме подобри резултати. Мисијата е завршена!, напиша Трамп, алудирајќи на паролата на американскиот претседател Џорџ В. Буш по освојувањето на Ирак во 2003 година.