САД. Воен буџет 600 милијарди долари
САД во Медитранот го имаат разурнувачот Доналд Кук од кој може да се лансираат ракети со наведување. Неговата цел е да се избегнат авиони ловци да бидат евентуално соборени. Од два американски воени брода во источниот дел во Медитеранот, пред една година беа испукани 59 ракети Томахавк врз сириската воено-воздушна база( ВВБ) Шарјат. Вашингтон тврдеше дека во таа база ескладирано хемиско оружје користено во напад врз бунтовничкиот град Хомс, 72 часа претходно. Ракетите Томахавк летаат ниско и тешко е да се регистрираат, не емитуваат много топлина и не може да се детектираат со уреди со инфрацрвени камери. Американската морнарица имаголем број авиони ловци во Персискиот Залив. Најголема амерриканска база на Блискиот исток е во Катар каде се стационирани Ф-16 и А-10. Ф-16 важи за еден од најефикасните борбени авиони во светот. Може да достигне 3.220 км што овозможува да остане во воена зона подолго отколку други авиони. Американците ги имаат и бомбардерите Б-52 кои веќе се користени за бомбардирање цели во тој регион.
Транспортните авиони Ц-130 и Ц-17 се користени за превоз на трупи и оружје во ВВБ во Кобане, мал курдски град на север во Сирија близу границата со Турција. Носачот на авиони Хари Труман е на пат кон Средоземното Море.
РУСИЈА. Воен буџет 69 милијарди долари
Во Сирија е поставен напреден ПВО систем С-400 кој уште не е тестиран. Поставен е откако беше урнат руски авион и засега служеше само за спречување напади. Може да испука три типови ракети и се верува декаможе да постгне неверојатна брзина и ефикасност, речиси над цела Сирија. Русија иманеколку типови авиони во Сирија – Бомбардери Сухој-24 и Сухој-25 транспортни и шпионски авиони и хеликоптери. Најголем дел се во базата Хмејмим главна руска база за напади врз бунтовнички групи.
БРИТАНИЈА. Воен буџет 50 милијарди долари.
Голем број воени авиони се стационирани на Кипар и може да полетаат кога е потребно. Британската армија има осум борбени авиони Торнадо во таа база како и ракети Тајфун. Употребени се во изминатите години во напади врз Ирак. Британија има флота на беспилотни летала на Блискиот исток меѓу кои и дронови Рипер што се користени во Ирак и Сирија. Немаат стацонирано подморници во Медитеранот.
ФРАНЦИЈА. Воен буџет 34 милиајрди долари
Францускиот носач на авиони Шарл де Гол веќе служеше во операции ротив ИД во регионот, но сега е на поправка. Може да префрли околу 1.900 луѓе и арсенал ракети и бомби. Франција испрати морнари и авијатичари на американскиот носач на авиони Џорџ Буш за обука и заеднички операции. Имаат неколку ловци тип Мираж и Рафал во Јордан и ОАЕ користени во напади врз ИД во Сирија и во Ирак.
СИРИЈА. Воен буџет две милијарди долари.
Сирискиот одбранбен систем е сериозно оштетен во последните израелски напади,но останува закана за авиони. Нивниот систем е многу напреден и имаат ракети С-200 и од неодамна се вклучени руско оружје СА-22 и СА-17. Сирија има исто така и софистициран кинески радарски систем.