Неколку ијади луѓе денеска протестираа во центарот на Атина поради воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија.

Грчката полиција соопшти дека на протестот во организација на Комунистичка партија на Грција, учествувале од 6.000 до 7.000 луѓе.

Демонстрантите се собраа на атинскиот централен Плоштад Синтагма, а потоа се упатија кон Американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли против САД, а запалија и американското знаме. Пред Амбасадата на САД со црвена боја напишаа „Американци, убијци на луѓе“, но не успеаа да фрлат боја во дворот на Амбасадата. Полицијата со возила го заштити влезот на Амбасадата.

Протестот заврши без инциденти.

Врз Сирија синоќа беа истрелани повеќе од сто ракети како одговор на наводниот напад хемиско оружје во Дума.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 14:04