Северноатланската алијанса оценува дека продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучно за мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Во соопштението од седиштето на Алијансата во Брисел се наведува дека НАТО останува целосно посветен на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и има активно партнерство со Србија.
- НАТО целосно го поддржува продолжувањето на разговорите меѓу Белград и Приштина, под покровителство на ЕУ. Тоа е од клучно значење за мирот и безбедноста во регионот. Треба да покажеме умереност и да го поддржиме било кој напор што овозможува нормализирање на безбедносната ситуација и избегнува создавање тензии, истакна официјален претставник на НАТО.
Според него, демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната стабилност.