Тензиите по досудениот пенал од страна на судијата Мајкл Оливер на мечот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус од четвртфиналето на Лигата на шампионите ја достигнаа својата кулминација. Оливер и неговата сопруга Луси станале предмет на навреди и дури почнале да добиваат закани по својот живот преку социјалните мрежи, како и со текстуални пораки.

Потсетуваме дека судијата стана светски познат по контроверзниот пенал што му го досуди на Реал во последните секунди на мечот против Јувентус. „Бјанконерите“ беа на чекор да го одведат натпреварот во продолженија по водството од 3:0 на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот Кристијано Роналдо постигна гол од белата точка ја исфрли „Старата Дама“ од турнирот.

Голманот на гостите Џанлуиџи Буфон пак доби црвен картон поради жестоките реакции кон судијата, а по завршувањето на средбата се изрази доста остро на негова адреса. Легендарниот голман изјави дека Оливер наместо срце, има канта за ѓубре во градите.

Иако Мајкл Оливер нема профил на социјалните мрежи, оној на неговата сопруга веднаш бил откриен од лути навивачи. Тие буквално ја блокирале нејзината сметка со навреди и закани, а потоа го откриле и нејзиниот телефонски број. Почнале да упатуваат закани и преку текстуални пораки, кои во моментов се истражуваат од британската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 14:42