Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по победата вчера во дербито против Тотенхем со 3:1, го повтори својот став дека титулата во Англија е многу поважна отколку трофеј во Лигата на шампионите. - Ако имаме 87 поени, а до крајот на првенството остануваат пет натпревари, тоа значи дека сме се справиле неверојатно, иако луѓето го дефинираат она што се случи минатата недела како голем неуспех. Тие не разбираат апсолутно ништо од фудбал. Лигата на шампионите е само седум натпревари, можеш да ја освоиш Лигата на Шампионите, но првенството се игра на секои три дена. Жал ми е, но многу поважно е што направија овие момци во текот на сезоната, рече Шпанецот. Сити има водство од 16 поени пред Манчестер Јунајтед на табелата. „Граѓаните“ можат да станат шампиони уште денес, но за целта „црвените ѓаволи“ мора да загубат од ВБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 14:43