Извори од НАТО сметаат дека Директорот на српската владина Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ не ги почитувал прописите на 26 март, кога влегол во Косово и бил приведен во Косовска Митровица, а косовскиот претседател Хашим Тачи таму испратил полициски сили без одобрување на Кфор.

Според српските медиуми, ова го изјавиле неименувани високи функционери на НАТО во Брисел, кои истакнале дека „прво Ѓуриќ не ја почитуваше процедурата бидејќи барањето за посетата го има испратено по 17 часот, кога канцелариите во Приштина не работат, а и списокот на лицата од неговата придружба бил непотполен, со што за косовските Албанци тоа значело дека процедурата не е испочитувана“.

- Второ е интервенцијата на полицијата на северно Косово, бидејќи кога таа се упатува преку реката Ибар на север, мора да го информираат за тоа Кфор и да побараат дозвола според договорот постигнат со ЕУ и според фактот што за такво нешто мора да се праша НАТО и тоа мора да го почитуваат и двете страни, велат од НАТО. „Тачи тука избрза со рекацијата, бидејќи оцени дека е во прашање провокација, кога се установило дека Ѓуриќ пристигнал во северно Косово.

На бруталната акција на косовоската полиција на мирниот собир во Косовска Митровица, од НАТО констатираат дека „сето тоа изгледало драматично, но и доаѓањето на Ѓуриќ било провокација, со констатација дека „секогаш кога почнува дијалогот меѓу Белград и Приштина, некој тој дијалог го попречува, бидејќи не сака да дојде до напредок“.

Говорејќи за можното мешање на Русија во настаните, од НАТО посочуваат дека „постоела засилена руска реторика и сопштенија кои можат да се толкуваат дека доколку Србија би навлегла во Косово, ние ќе бидеме со неа“, додавајќи дека „таа вечер можеа да се чујат пораки од Белград, да доколку за неколку сати работите не се вратат во нормала, ќе дојде до потполна инвазија на Косово.“

Спред изворите во НАТО во Брисел „целата состојба, колку и да изгледа зачудувачки испаднала добро“, бидејќи се покажало дека косовската полиција е професионална и се се завршило „без штета и жртви, а Еулекс и Кфор не интервенирале“, што значи дека Косовците стануваат зрели самите да ги решаваат ваквите состојби“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 15:25