Водечките производители на паметни телефони продолжуваат да се натпреваруваат во интеграцијата на се посовремени технологии во нивните нови модели.

Уредите што ќе бидат презентирани оваа година ќе имаат двојни задни камери, дисплеи со минимални рамки и вештачка интелегенција. Ова ќе бидат главните трендови во мобилната индустрија во 2018 година.

Многу компании, исто така, се обидуваат да го преземат иновативниот дизајн на новиот „АјФон X“ во нивните паметни телефони, наведува „Андроид Хедлајнс“.

Бројот на уреди кои имаат дисплеи, што го заземаат цел преден дел и малиот пресек на врвот, но со Андроид, ќе продолжат да растат до крајот на 2018 година.

На овој начин, разликата во видот помеѓу Андроид и иОС уредите ќе биде минимална во наредните месеци.

Мобилниот конгрес во Барселона исто така беше јасен показател за овој тренд, бидејќи беа претставени многу нови уреди кои имаат сличен дизајн на новиот модел на „Епл“.

Добар пример е новиот „Асус ЗенФон 5“, но се очекува и „ЛГ Г7“ и многу други паметни телефони на Адроид да имаат сличен изглед. Во овој случај, не станува збор за тоа дали производителите на Андроид го копираат „Епл“, туку се заснова на преференциите на корисниците кои изгледа дека го сакаат овој дизајн.

Според експертите, ако производителот не ја искористи популарноста на „малиот пресек“ на врвот на екранот, тие ризикуваат да останат настрана од овој тренд и затоа повеќето од нив нема да ризикуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 19:25