Словенечкиот ракометен клуб Целје заврши на третото место на „фајнал-фор“ турнирот во СЕХА лигата, што се игра во Скопје, откако го совлада Мешков Брест со 31-28 (15-14).

Словенечкиот тим влезе помотивирано во мечот, а во 22 минута имаше водство од три разлика (11-8), но на полувремето замина само со гол предност.

Во второто полувреме гостите од Белорусија го презедоа водството и натпреварот одреден период одеше гол за гол. Целје поведе со два разлика (26-24) на десетина минути пред крајот, а во 56-тата минута имаше најголема предност од шлус четири (29-25).

До крајот тимот од Словенија го оддржуваше водството за конечни 31-28 и за освојување бронзен медал во овогодинешното натпреварување.

Најпрецизен во составот на Целје беше Млакар со седум гола, а Макуц постигна пет. Голманот Лесјак се истакна со 16 интервенции.

Кај Брест најдобра игра прикажаа Хорак и Шумак со по пет гола.

Во 20:15 часот почнува финалето меѓу европскиот шампион Вардар и ППД Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 19:52