Организаторот на играта на Вардар, Лука Циндриќ го доби признанието најкорисен ракометар на Ф4 турнирот од СЕХА лигата во изборот на новинарите.

Од можните девет индивидуални признанија, старо-новиот СЕХА шампион освои пет.

Во „Ол стар“ тимот се најдоа четири играчи на Вардар: голман: Арпад Штербик (Вардар) лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) лев бек: Домагој Павловиќ десно крило: Златко Хорват десен бек: Зига Млакар среден бек: Лука Циндриќ (Вардар) пивотмен: Вјачеслав Шумак. одбранбен играч: Илија Абутовиќ (Вардар) МВП: Лука Циндриќ (Вардар).

Завршниот турнир се одигра во Скопје, а заврши синоќа со триумф на македонскиот и европски првак Вардар



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 08:10