Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ врз Белград врши континуриано наметнување на обврската за усогласување на надворешната политика во поглед на Русија и приклучување на санкциите, но дека Србија нема да се приклучи кон канзнените мерки.

- Ние сме виновни, бидејќи ги навикнавме од почетокот кога усогласивме над 90 отсто од нашите акти. Но, тогаш состојбата беше понаква, ја немаше кризата во Украина. Сега тој процент на усогласеност е опаднат и поради тоа тие постојано ни вршат притисок дека мораме да се приклучиме на мерките кон Руската Федерација и кон други држави, изјави Дачиќ.

Според него, Србија не може така да се однесува кон пријателите, бидејќи тоа не е во нејзин национален интерес.

- Не може да бараме помош за Косово, а од друга страна да се приклучиме на санкциите. Тоа не е нормално, ниту политички исправн, констатираше Дачиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 13:07