Организаторот на Светското фудбалско првенство во Русија соопшти дека навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите ќе помнат низ три контролни пунктови.
Директорот за безбедност Руската фудбалска лига, Александр Мејтин информира дека на стадионите за време на Мундијалот ќе функционира скрининг систем во три фази.
- За време на Светското првенство на патот кон трибините ќе бидат организирани контроли во во три фази. Прашањето за безбедност е од големо значење. Првата контрола ќе биде на територијата на стадионот, во т.н. чиста зона, втората ќе биде скрининг на влезот на самиот стадион и последната фаза ќе бидат скрининг на влезот кон местата на трибините, кажа Мејтин.
Тој исто така, истакна дека Организацискиот комитет на Русија 2018 тесно соработува со националните безбедносни служби со земјите учеснички.
- Сите фудбалски федерации испратија во Русија одредени листи на навивачи, кои се прогласени за насилниците во сопствената земја. Врз основа на овие листи ќе се формираат т.н. листи за забрана.
Светското првенство ќе се одржи на 12 стадиони во 11 градови на Русија од 14 јуни до 15 јули.