Претседателот на Франција, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ја примија репрезентацијата на земјата на свеченост во Елисејската палата по освојувањето на светската титула на Мундијалот 2018. - Ви благодариме за победата, се гордееме со вас. Никогаш не ги заборавајте вашите корени. Помнете што претставуваат за вас родителите, вашиот клуб, кој ве изградил, сето тоа е Франција, рече претседателот. Над 1.300 гости, вклучувајќи и многу фудбалери и ученици, присуствуваа на прославата во Елисејската палата. И покрај летните горештини, околу половина милион луѓе го исполнија просторот на „Шанз-Елизе“ од Триумфалната капија до плоштадот Конкорд и ги поздравија светските шампиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 11:13