Петкратниот светски шампион Бразил договори два контролни натпревара пред почетокот на Светското првенство во Русија.

„Кариоките“ со Хрватска ќе играат на 3 јуни на „Енфилд“ во Ливерпул, две седмици пред стартот на Мундијалот пред почетокот на Светското првенство 2018 во Русија.

Бразилскиот национален тим ќе одржи тренинг-камп во базата на Тотенхем во Лондон од 28 мај до 8 јуни.

На 10 јуни Бразилците ќе играат пријателски натпревар со Австрија во Виена.

Бразил на СП ќе игра во Е-групата заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 19:02