Шпанскиот ракометар Жоан Канељас по завршувањето на сезоната си заминува од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во унгарски Пик Сегед, објави специјализираниот ракометен портал „Хендбол планет“.

Тој со Вардар има договор уште една година до јуни 2019 година, но сепак порано ќе го напушти Скопје.

Шпанскиот репрезентативец во македонскиот клуб дојде во 2016 година од тимот на Кил.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 14:50