Едно од главните прашања на овогодинешниот Мундијал 2018 е дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра во Русија. Тој изрази желба за такво нешто, но има и актуелни репрезентативци на скандинавската земја кои не сакаат тој да се враќа.

Шведскиот голман Карл-Јохан Јохансон верува дека неговиот тим може да игра без Златан и неговото присуство ќе ја уништи хемијата меѓу играчите.

- Мислам дека можеме да се справиме добро во Русија затоа што успеавме да се пласираме за СП и без него, но одлуката е, се разбира, на селекторот. Сигурен сум дека ако тој се придружи, ќе игра добро. Како тим, играме како колектив, сите заедно. Со Златан, како индивидуален играч, играта се врти околу него, а без него играме повеќе како тим, рече Јохансон.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 23:24