Бекот на европскиот шампион Вардар, Жоан Кањељас од следната сезона ќе го носи дресот на ПИК Сегед, потврдија официјално од унгарскиот тим.

Триесет и едногодишниот Кањељас потпишал двегодишен договор со ПИК Сегед. „Среќни сме да соопштиме дека Жоан Кањелас ќе го засили ПИК Сегед од летово“, пишува на официјалната веб-страница на тимот. За бекот на репрезентацијата на Шпанија ова ќе биде осмиот клуб во кариерата по Грањољерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил и Вардар. Покрај Кањелас, летово од македонскиот ракометен шампион ќе си заминат и Абутовиќ, Марсениќ, Циндриќ, Штербик и Македа, како и тренерот Раул Гонзалез.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 10:43