Екипата на Кливленд ја совлада Индијана со 104:100 и изедначи на 2-2 во првото коло од НБА плејофот. Кавалрис ноќеска славеа на теренот на противникот и го вратија брејкот што го направи Индијана на првиот меч од серијата прв до четири победи.

Предводникот до триумфот беше Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефект 32 поена и 13 скока, плус имаше и седум асистенции со две блокади.

За Леброн ова беше 221. натпревар во плејофот со што се искачи на шестата позиција на вечната листа, престигнувајќи го Коби Брајант.

Пред ѕвездата на Кливленд, на оваа листа се уште петмина кошаркари: Тони Паркер (225), Карим Абдул-Џабар (237), Роберт Хори (244), Тим Данкан (251) и Дерек Фишер (259).



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 08:32