Филмови од македонска продукција вечер од 19 часот ќе може да се видат во рамки на Скопје филм Фестивал во киното Милениум.
Станува збор за краткометражните филмови: „Видиј ја ти неа“ (2017) во режија на Горан Столевски, „Последните камбани“ (2017) на режисерот Николче Поповски, „Другиот“(2017) на Батухан Ибрахим, македоснко - чешката копродукција „Благословена“ (2016) од Милиана Ленак, „Водата“ (2018) на авторите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов работен како македонско-албанско-мексиканска копродукција и „Мишко“(2018) филм потпишан од Ханис Багашов.
Во делот на авторскиот фим публиката ќе може да го погледа францускиот филм „Се гледаме таму горе“ (2017) на Албер Дупонтел, што освоено пет награди „Цезар“ меѓу кои и за најдобра режија и најдобра камера. За филмот се наведува деке е еден од налуксузните и технички најблескави филмови со воена тематика.
Во киното „Фросина“, пак, во 19 часот во рамки на новата фестивалска програма Квир фокус ќе се одржи работилница со гостите Жоао Флоренсио, Станимир Панајотов и Александар Ковачевски.
Класикот „Заден прозорец“ е предвиден во делот на филмската ретроспектива на Алфред Хичкок во терминот од 17 часот во Милениум.