Јавната општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен, денеска ги додели наградите од литературниот конкурс по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.

Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО, претпладнево се одбележа и во општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ во Ресен, која распиша награден конкурс на тема „На крилјата на книгата патуваме низ времето“ во кој учество зедоа учениците од основните училишта во Преспа.

-На конкурсот со свои творби се пријавија 40 ученици, кои сопствените дела ги праќаа со шифра. Со одлука на посебна комисија, точно на празникот, на Светскиот ден на книгата и авторското право, доделивме две први награди, една втора и една трета награда. Пред присутните беа прочитани годинешните пораки по повод Светскиот ден на книгата и авторското право на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле, соопштија од Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 12:55