Рекордни 50 поени за годинашниот плејоф и втор најдобар скор на сите времиња во НБА разигрувањето за титулата оствари тимот на Хјустон Рокетс ноќеска на гостувањето кај Минесота.

„Ракетите“ победија со 119:100, а клучната разлика ја направија во третиот период (50:20).

Најдобар кошаркар на средбата беше Џејмс Харден со 36 постигнати поени.

Во серијата прв до четири победи Хјустон води со 3-1 и е на чекор до пласман во полуфиналите од плејофот во Западната конференција.

До сега пласман во 2.коло од плејофот има изборено само Њу Орлеанс.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 08:42