Ветеранот во НБА лигата, Двејн Вејд со својот тим Мајами доживеа елиминација во првото коло од плејофот по што се појавија шпекулации за негов крај на професионалната кариера.

Се огласи Вејд преку социјалните мрежи кој демантира дека донел одлука за пензионирање.

- Не сум ни почнал да размислувам за пензионирање. Најпрво сака, да поминам малку повеќе време со моето семејство. Тоа ми е приоритет. Сезонава ја завршивме со пораз од Филаделфија за која мислам дека има светла иднина со овој состав и затоа не треба да сме многу разочарани, истакна Вејд.

36-годишниот Вејд, НБА кариерата ја почна во Мајами 2003 година каде настапуваше до 2016 година. По една година поминати во Чикаго и во Кливленд се врати во матичниот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 09:03