Селекторот на шведската фудбалска репрезентација Јан Андерсон не го повика Златан Ибрахимовиќ за настап на претстојното Светско првенство во Русија.

55-годишниот Андерсон јасно му порача на фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, дека не му е во плановите за Мундијалот.

- Рече дека ја завршил репрезентативната кариера по Европското првенство и јас ја почитувам таа одлука. Сметам дека кога веќе еднаш така одлучил, не треба да се враќа во националниот тим. Не контактирав со него, но јасно кажувам дека не е во моите планови за Мундијалот, изјави шведскиот селектор.

Шведска обезбеди учество на СП по големата победа во баражот со Италија, и оттогаш, Ибрахимовиќ почна да праќа сигнали во јавноста дека сака да се врати во репрезентацијата, па дури и изјави дека Мундијал без него не е вистинско СП.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 11:43