За нешто помалку од 4 месеци – или попрецизно, на 14 Јуни – 21-то FIFA Светското првенство започнува во Москва, на стадионот Лужники како домаќин.

Тоа ни остава доволно време да уживаме во одбројувањето. Во меѓувреме, додека го чекаме почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци низ историјата на првенството.

99 – Азиските тимови досега зеле учество на вкупно 99 натпревари од Светското првенство. Репрезентативците на АФК (Азиска фудбалска конфедерација) ја забележаа својата прва победа кога репрезентацијата на Демократска Народна Република Кореја ја порази репрезентацијата на Италија во 1966 година, додека пак Република Кореја го постигна најдобриот резултат на континентот завршувајќи на четврто место на домашен терен во 2002 година. Таегук воините имаат земено учество на 31 игра на Светското првенство (5 победи, 17 порази) повеќе од било која друга азиска страна.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 20:31