Најпопуларната апликација за комуникација наскоро ќе биде забранета за користење за деца помали од 16 години во Европа.

Апликацијата ја подигна старосната граница на корисници од 13 на 16 години за да се усогласи со новите правила за сигурност на податоците на корисниците.

Тие ќе мораат да потврдат дека имаат минимум 16 години и ќе ги прифатат новите правила за користење и безбедност во наредните неколку недели. Иако не е јасно на кој начин WhatsApp ќе провери колку точно години има корисникот, ќе собере многу мал број на лични податоци.

Фејсбук, кој е сопственик на WhatsApp има потполно различна политика па така на корисниците меѓу 13 и 15 години ќе им биде дозволено да отворат профил на оваа мрежа така што нивните родители од своите профили ќе потврдат колку години имаат. Во спротивно ќе имаат лимитирана верзија на социјалната мрежа.


Лица под 16 години нема да можат да го користат WhatsApp

WhatsApp има милијарда и пол корисници ширум светот, а според новите правила кои се изработени во склоп со законите на Европската Унија – најпопуларната апликација за чет ќе собира многу помалку податоци отколку претходно.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 20:36