Во киното „Мис Стон“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп веќер и утревечер ќе се прикажува филмот на Милчо Манчески „Бикини мун“.

Прилепската публика ќе има можност да види урбана, модерна бајка сместена в скршениот идеал на семејството во која една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмската екипа, која снима документарец, и е подготвена да ја искористи својата приказна за да се прослави во светот на филмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 11:02