Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР.

Случајот вчера околу 7:45 часот во Полициското одделение Групчин го пријавил таткото на детето З.И. (39) од село Палатица. Тој кажал дека дента околу 7:45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки се движеле кон училиштето во село Палатица, во еден момент патот му го попречило патничко возило возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегле четири непознати лица кои се обиделе насилно да го внесат неговиот син во нивното возило.

Во тој момент излегла нивна соседка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 12:17