Фудбалскиот сојуз на Шведска соопшти денеска дека Златан Ибрахимовиќ нема да игра за националниот тим на Светското првенство во Русија.

Спортскиот директор на ФС на Шведска, Ларс Рихт изјави дека разговарал со Ибрахимовиќ пред два дена.

– Ме извести дека не ја променил одлуката, изјави Рихт.

Ибрахимовиќ ја напушти репрезентацијата на Шведска во 2016 година по 116 одиграни натпревари и 62 постигнати гола.

Напаѓачот кој сега игра за ЛА Галакси, неодамна навести дека можно е да се врати во националниот тим за Мундијалот во Русија.

Селекторот на Шведска треба на 15 мај да го соопшти тимот што ќе игра на СП во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 14:45