Фејсбук е соодветна платформа не само за откривање најнови вести и фотографии на пријатели, туку и за гледање атрактивни видео клипови. Компанијата прави многу напор да ги натера луѓето да трошат повеќе време во гледање видео материјали на нивните профили. Следниот голем чекор во постигнувањето на оваа цел е „АВ1“ технологијата за видео компресија. Фејсбук официјално потврди на конференцијата „Video @Scale“ дека почнуваат да ја користат за сите видеа на социјалната мрежа. Ова значи дека тие ќе се вчитаат побрзо на вашиот паметен телефон и компјутер. „АВ1“ е нов стандард, развиен од конзорциумот на „Алијансата за отворени медиуми“ (Alliance for Open Media) создаден од компании како Гугл, Амазон, Циско Системс, Мозила и Мајкрософт. Минатата година, Епл и Фејсбук им се придружија. Технологиите за компресија се исклучително важни во денешниот современ свет, каде што гледаме повеќе видео од нашите уреди. На „АВ1“ ќе се осигура дека видеата се вчитуваат побрзо, но исто така и дека имаат максимална резолуција и не влијаат негативно на месечната потрошувачка на мобилниот интернет, објави „ЦНет“. Официјалните податоци откриваат дека технологијата троши околу 30 отсто помалку мрежен капацитет од сегашните методи кои Фејсбук ги користи за истата цел. Квалитетот на содржината е идентичен со стандардот на Гугл „ВП9“ и околу 50 отсто понизок, споредено со „Х.264“, што е најдобра технологија за компресија во индустријата. Корисниците не треба да преземат ништо, бидејќи „АВ1“ ќе се интегрира во Фејсбук серверите и автоматски ќе почне побрзо да ги вчитува клиповите на нашите сметки.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 22:17