Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ потврди дека ќе присуствува на Светското првенство во Русија, но не како член на националниот тим на неговата земја.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Шведска, Ларс Рихт, вчера објави дека Ибрахимовиќ нема да биде дел од репрезентацијата од која се повлече пред две години.

Во разговор со новинарите за време на тренингот на Лос Анџелес Галакси, Златан во свој препознатлив стил изјави дека не се сомнева во своите сонародници.

- Мислам дека Шведска е фаворит за освојување на Светското првенство, бидејќи и е подобро без Златан. Јас не сум дел од националниот тим, бидејќи се повлеков од репрезентацијата, рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот претходно објави дека ќе се појави на Светското првенство, но во тој момент не беше јасно дали во улога на играч или како гледач.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2018 10:30