Американскиот гигант Амазон забележа раст на приходите од 43 отсто, на 51 милијарда долари.
Овој пораст е поттикнат од зголемениот обем на продажба во онлајн продавниците во САД.
Исто така, Амазон двојно ја зголеми својата нето добивка, која достигна 1,6 милијарди долари.
Основачот на Амазон, Џеф Безос моментно е најбогатиот човек на светот, според листата на Форбс.
Амазон неодамна беше мета на критики од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој тврдеше дека таа компанија не плаќа доволно данок. Освен тоа, Трамп смета дека Амазон ја поткраднува американската пошта, бидејќи е во загуба од секој пакет што го испорачува Амазон.
Аналитичарите велат дека успехот на Безос е негова најдобра одмазда за администрацијата на Трамп поради даночните закани.