Првата ѕвезда на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс смета дека лошата одбрана и многуте грешки беа пресудни за високиот пораз од Индијана (121:87).

По шест натпревари резултатот во 1.коло од НБА плејофот е 3-3, па мајсторка ќе одлучува кој ќе оди во конференциското полуфинале.

- Со ваква одбрана не може да се победи и послаба екипа од Индијана. Им дозволивме многу отворени удари за три поени. Исто така правевеме многу грешки, а изгубените топки не „убија“. Натпреварот кај нас ќе биде „да се биде или не“, изјави Џејмс.

Решавачкиот дуел во Кливленд е закажан за утре од 22 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2018 16:42