Кошаркарите на Бостон Селтик го победија Милвоки Бакс во одлучувачкиот седми дуел од првата рунда во НБА плејофот.
Бостон славеше ноќеска на свој терен во „ТД Гарден“ со резултат 112:96 и со вкупни 4-3 во победи ја доби серијата.
Противник на „зелените“ во конференциското полуфинале на Истокот ќе биде тимот на Филаделфија.
Во другото полуфинале ќе играат Тороно со победникот од вечерашниот дуел меѓу Кливленд и Индијана.
На Запад, шампионот Голден Стејт поведе со 1-0 во полуфиналето против Њу Орлеанс, додека во другата серија се среќаваат Хјустон и Јута.