Чешката тенисерка Каролина Плишкова е победничка на ВТА турнирот во Штутгарт, Германија.

Плишкова денеска во финалето ја победи Американката, Коко Вандевеј со 2-0 во сетови.

Во меч што траеше нешто помалку од два часа Чехинката го доби првиот сет во тај-брејк 7:6(7:2), а во вториот беше 6:4.

За Плишкова ова беше прв трофеј од почетокот на сезоната и јубилеен 10. во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 21:48