Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари очекува да игра во вториот натпревар со Њу Орлеанс од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата.

Кари, кој ги пропушти последните 15 натпревари за „воините“ поради повреда на левото колено, тренира со полна сила во последните денови и изјавил пред новинарите дека очекува да биде во тимот за натпреварот во вторник.

- Ако беше до мене, јас би играл околу 20 минути. Засега планот е да играм во вторник, но тоа најмногу зависи од тренерот, рече двократниот победник на наградата „МВП“.

Во отсуство на Кари, Голден Стејт поведе со 1:0 во серијата со Њу Орлеанс, а во првиот круг го победи Сан Антонио со 4:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 10:08