Првата годишнина од канонизацијата на св. Кипријан Слепченски ќе биде одбележана денеска во манастирот „Св.Јован Претеча“ во демирхисарското село Слепче.

Моштите на светителот ќе бидат изложени од 07:30 часот и пред нив ќе може да се поклони верниот народ и сите добронамерници кои ќе го посетат манастирот, а во 08:45 часот ќе се одржи литургија.

Во дворот на манастирската црква ќе се одржи програма во рамки на која во 11 часот ќе се обрати митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. Ќе се одржи рецитал „Св.Кипријан” и пригодна музичка програма.

Светиот свештеномаченик Кипријан бил игумен на Слепченскиот манастир повеќе од триесет години во XVIII век. Тој бил добар познавач на словенското писмо и мудар и верен економ на манастирот. Се упокоил на Велигден во 1780 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 10:25