Фудбалерот на Пари Сен Жермен и бразилската репрезентација, Нејмар де Силва Сантос Јуниор, ќе биде подготвен за почетокот на Светското првенство во Русија.

Од ПСЖ соопштија дека лекувањето на Нејмар добро напредува и дека прогнозите се исклучително добри.

- Резултатите од тестовите покажаа дека Нејмар добро заздравува од повредата на скочниот зглоб и стапалото. Тој повеќе не носи гипс или други помагала кои му ја имобилизираат ногата. Во следните денови ќе знаеме како ќе се одвива рехабилитацијата понатаму, соопштија од клубот.

Нејмар се повреди кон крајот на февруари и пропушти голем дел од сезоната во ПСЖ, а по првичните проценки за сериозноста на повредата предизвика загриженост во Бразил поради неизвесноста за неговиот настап во репрезентацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2018 16:58