Во првиот натпревар од полуфиналната серија во Источната конференција на НБА, Бостон Селтикс ја совлада Филаделфија со 117:101 (25:22, 31:23, 31:30, 30:26).

Најдобар во победничкиот состав беше бекот Тери Розиер со 29 поени, 8 скокови, 6 асистенции и 2 украдени топки. Суперталентот Џејсон Тејтум додаде 28 поени, додека Ал Хорфорд заврши со 26.

Младата ѕвезда на гостите, Џоел Ембид заврши со „дабл-дабл“ учинок од 31 поен и 13 скокови, но тоа не беше доволно за успех.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:10